Ди Си Јунајтед објави дека Вејн Руни не е повеќе тренер на тимот. Англичанецот поднел оставка која раководните луѓе на клубот ја прифатиле.
Под раководство на 37-годишниот Руни, кој го презема Ди Си Јунајтед во јули 2022 година, тимот не успеа да се пласира во плејофот на МЛС.
Всушност клубот од Вашингтон веќе четврта година по ред не успева да влезе во плеј-офите. Инаку пред да стане тренер на Ди Си, тој работеше во Дерби Каунти како играч и тренер.