На Вембли утре сепак ќе има и Италијани

307

Официјално на утерешниот финален меч од ЕУРО, во кое се среќаваат репрезентациите на Англија и Италија ќе бидат присутни  65.000 гледачи.

Тоа е капацитетот на објектот, а официјално на Италијанската фудбалска федерација ќе и бидат доделени 7.500 билети.

Од нив 6.500 ќе бидат доделени на Италијани кои се со живеалиште во Англија односно Шкотска, а само 1000 на оние кои ќе пристигнат од Италија под исклучително строги и ригорозни ковид протоколи.

Се останато ќе биде наклонето за Англија што е и нормално, а Ла Газета Дело Спорт вели дека на „црниот“ пазар веројатно уште некој Италијанец ќе ја има таа среќа да дојде до билет, па се проценува со бројка од околу 10.000 гледачи кои ќе навиваат за „Азурите“.

 

 

 

ПретходноМакедонија У15 со триумф над селекцијата на Белград, Младеновски двоен стрелец
СледноПодолски претставен пред 20.000 навивачи на Горник