Ламин Јамал постави рекорд во Ла Лига постигнувајќи гол на синоќешниот натпревар против Гранада.
Играчот од средниот ред на Барселона постигна гол во дополнителното време на првото полувреме со што стана најмладиот фудбалер кој постигнал гол во шпанското првенство. Јамал вчера имаше точно 16 години и 87 дена.
Со овој погодок, Јамал го надмина постигнувањето на Фабрис Олинг, кој постигна гол со 16 години и 98 дена на натпреварот меѓу неговата Малага против екипата на Селта во 2012 година.