Најтрофејниот Македонски фудбалски клуб, тимот на Вардар денеска и офцијално ги стартуваше подготовките за следната за жал на навивачите второлигашка сезона.
Под водство на новиот тренер, Горан Симов, но и со ново раководство преземено пред неколку дена Вардар започна со работа и ќе се обиде да заборави се што изминатиот период се случуваше. А се случија многу нешта.
„Почнуваме од почеток. Вардар е Вардар и тоа ни е јасно на сите. Ќе се обидеме максимално да се издигнеме над ситуацијата, почнуваме од почеток, ќе ги оставиме сите проблеми зад нас и ќе играме фудбал. За Вардар. Имам целосна доверба во она што се нарекува нова управа и раководни структури на Вардар и мислам дека во ова што се нафатија да го прават ќе истраат до крај. Јас не се прашам од предизвик напротив, подготвен сум за се што следува. Имаме млада екипа, дел се искусни играчи, дел ќе треба допрва и да ги запознаам“ – вели новиот шеф на стручен штаб на ФК Вардар, Горан Симов.
Од новите играчи кои се прв пат со клубот во моментов се Мартин Блажевски, Филип Петров, Трајче Стојковски, Дарко Стојанов, Ристе Илијоски, Оливер. Пеев, Дарко Гроздановски, Борис Јакимовки, Александар Пановски, Вилдан Керим.