ФК Вардар: Арбитрите да не се изживуваат врз клубот, Комити ви благодариме за се

588

Фудбалскиот клуб Вардар предмалку излезе со соопштение по повод вчерашниот дуел со ФК Шкендија и според нив, судиската неправда која што му е нанесена на клубот од страна на главниот судија Стојанче Стојанов и неговите помошници.

Во соопштението се наведува дека никој не смее да си игра со ФК Вардар, и дека никој не бара ниту клубот да се фаворизира, ниту пак да му се суди тенденциозно, туку напротив, да се има в предвид големината на ФК Вардар па сходно на тоа да се третира клубот и како што доликува. На крајот нормално, како и секогаш од ФК Вардар се заблагодарија на публиката и прекрасната атмосфера на вчерашниот меч.

ПретходноЕнис Барди: Позитивната енергија од Италија и Малта да ја пренесеме и против Украина
СледноУкраина пристигна во Прага и го одржа првиот тренинг