Познато е како игра Манчестер Јунајтед сезонава во Премиерлигата, фановите негодуваат, но и натами ги полнат трибините на “Олд Трафорд“. На последниот меч против Брентфорд, во меч во кој Јунајтед победи со головите на МекТоминеј во 93 и 96.минута се случи навистина урнебесна сцена.
Имено водителката на клупската ТВ на Јунајтед, Зара Коноли му постави прашање на еден млад фан за тоа што мисли за Гарначо:
“ А овој неволно рече дека Гарначо и не му се допаѓа баш“ што предизвика смеа кај сите.
Коноли слатко се насмеа и му рече на младиот фан дека е добитник на дрес токму на Гарначо.
“Камерон, како што се вика фанот после ова ми се заблагодари и ме прегрна. Дознавме дека пред две недели ја завршил хемотерапијата. Тој е наш, наш фан на Јунајтед. Моја грешка беше што најдовме играч на кој Камерон не му е баш голем фан“ напиша после на Твитер водителката.
Oh, oh lad… pic.twitter.com/YWVeQpwexu
— The Life Of Brian (@DaytrippingRed) October 9, 2023










