Канатларовски ги мести „коцките“ за Молдавија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

293

Покрај сениорската репрезентација и младинската репрезентација на Македонија, онаа до 21 година ќе игра квалификациски меч за пласман на ЕП 2025. Противникот е Молдавија, меч кој мора да се добие за да се остане во трка за врвот на табелата.
Македонија има една победа и еден пораз, а гостува на Молдавија во вторник (мечот се игра од 17 часот). Избраниците на Драган Канатларовски веруваат во триумф со оглед на тоа дека Молдавија впиша два порази во воведните две кола.

ПретходноФилипо Инзаги стана тренер во Серија А, дуел на браќата ќе гледаме во февруари
СледноМакедонија спремна за победа во Прага (ФОТОГАЛЕРИЈА)