Тиквеш со Скопје се загреваше за дербито во Автокоманда

113

Во групата А и натаму продолжува неизвесноста околу лидерското место на табелата, истата ќе биде решена во четврток кога на мегдан ќе се сретнат Алкалоид и Тиквеш во рамките на дербито на седмото коло, и двата тима немаат пораз по шест одиграни мечеви.

Мајиќ со осум гола беше прв стрелец, Темелкоски имаше седум. Шокоски со девет гола, Јакимовски имаше седум погодоци.

Кавадарчани до победата број шест дојдоа преку Скопје, кого на домашен терен го совладаа со 44-32. Дуелот започна изедначно со промена на водството, а потоа домашниот тим со серија од 4-0 поведе со 14-10. Нови три гола во низа нешто подоцна донесоа плус шест (19-13) во корист на кавадарчани. Најголемата предност која ја имаа во првото полувреме беше седум гоола.

По 24-18 на одморот, Тиквеш максимално ја искористи својата доминација поведе со 30-20, веше и 36-24, предност која се покажа како доволна за мирен финиш.

ПретходноКолумбиецот Кристиан Карабали ќе биде последното засилување за Струмица пред ЛШ
СледноОфицијално: С. Арабија поднесе кандидатура за домаќин на СП 2034!