Фијаско на МЗТ Скопје на стартот на АБА2-лига!

871

МЗТ Скопје со пораз ја отвори сезоната во АБА2-лига, откако беше поразен од Цедевита со 77-92. Избраниците на Васко Атанасов одиграа натпревар за заборав, беа под нивото, нешто што не наликува на амбициите. Овој МЗТ Скопје не може да вети кам-бек во елитата.

Војдан Стојановски со 16 поени, зад него беше Расел со 14 поени, Вокру беше стрелец на 12 поени.

По воведот на мечот ништо не најавуваше дека актуелниот македонски првак брзо ќе ја изгуби контролата. По 12-6, полека почна да го губи чекорот, кон крајот на првата четвртина противникот со серија од 6-0 дојде на 22-28, а потоа почна да ја превзема контролата.

Во вториот период не само што не функционираше нападот, одбраната беше катастрофална. Во црните минути на кошаркарите на МЗТ Скопје, Цедевита направи 10-0 и дојде на 30-44, а потоа со нови 9-0 дојде на највисоки плус 21 (43-55). На одморот резултатот беше 43-59. Цедевита запиша нов рекорд на постигнати поени во едно полувреме во АБА2-лига.

По одморот, „сино-белите“ заиграа подобро, третата четвртина ја добија со 21-18, тоа не беше доволно за пресврт. На почетокот на последната четвртина, Цедевита дојде на плус 18 (64-82), доволно за мирен финиш.

Шанса за поправен веќе в петок во дуелот против Пелистер.
ПретходноФранција му даде поддршка: Коле останува селектор до ЛОИ 2024
СледноБурак Јилмаз е нов тренер на Бешикташ