Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години по еден одличен меч во Торун со победа од 2:0 над домаќинот Полска ги почна квалификациите за ЕП. Одличниот старт на момците предводени од селекторот Јакимовски им даде дополнителен ветер во крила пред преостанатите два меча, од кои првиот е против моќната Германија.
„Одигравме супер, но ништо не е готово. Ова е голема победа за нас, но сега не очекуваат уште две борби“, порачуваат од нашиот табор.
Следниот меч за овие млади момци е против Германија на 14 октомрви.