Бразил не успеа да ја продолжи победничката сериија во квалификациите за пласман на Светското натпреварување. На домашен терен „кариоките“ одиграа нерешено против Венецуела.
По првото полувреме без голови, во 50 минута Габриел донесе водство на Бразил, на асистенција на Нејмар за затресе мрежата на противникот. Нешто подобро ВАР го поништи голот на Винициус Жуниор, додека гостите во 85. минута преку Бело израмнија на 1-1. Репрезентативецот на Венецуела постигна прекрасен погодок.
И на оваа средба најголемата ѕвезда имаше непријатно искуство. Дел од незадоволните играчи не само што го исвиркаа Нејмар, еден го погоди со картонска кутија од пуканки.
Нејмар веднаш реагираше и погледна кон трибината, а почна да ги пцуе навивачите на Бразил кои продолжија да го провоцираат и жестоко да го исвиркуваат.
Neymar being hit with a bag of popcorn after Brazil drew 1-1 vs. Venezuela at home. Brazil host Argentina in November.pic.twitter.com/7uckDCIgih
— Roy Nemer (@RoyNemer) October 13, 2023
На останатите средби Чиле славеше против Перу со 2-0, додека пак Еквадор беше подобар од Боливија на гости со 1-2.
По третото коло, Аргентина е лидер со максимален скор и девет бода, два повеќе од Бразил и четири од Колумбија.