Во понеделник на 30 октомври ќе биде доделена 67. Златна топка во историјата. Меѓу номинираните се Килијан Мбапе, потоа играчите на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд и Кевин де Брујне како и Лионел Меси.
На крајот се чини дека има одлука. Меси ќе ја освои Златната топка и така ќе го подобри сопствениот рекорд. Ниту еден играч нема тилку титули за најдобар светски фудбалер.
Информацијата ја откри Алесандро Досети, близок пријател на фамилијата на Меси. Тој на стори на Инстаграм објави дека Меси ќе биде носителот на Златната топка.
„Официјално е. Меси ја освојува Златната топка, осма и веројатно последна“, напишал Досети со фотографија на славниот Аргентинец.
Меси даде 38 гола и оствари 35 асистенции во сезоната 2022/23, додека Халанд со 53 гола беше убедливо најефикасен, но освоената титула со Аргентина очигледно била пресудна.