Мбапе ги замолкна Холанѓаните во Амстердам, Роналдо со 125. гола за Португалија

271

Вечерва се одиграа седум натпревари од квалификациите за ЕП 2024 година. Во Амстердам се одигра дербито помеѓу Холандија и Франција, а победија Французите со 1:2 со два гола на Килијан Мбапе. И двата гола беа прекрасни, првиот со прецизен удар од 16 метри, а посебно убав беше вториот со силен шут од 17-тина метри во аголот на противничкиот голман.

Холанѓаните намалија во 83 минута со деби голот на дефанзивецот Хартман.

Во оваа група Б, Франција има максимални 18 бода по 6.кола, Холандија е трета со 9 бода. Во оваа група Грција е втора со 12 бода по победата над Ирска со 2:0.

А Португалија ја совлада Словачка со 3:2, а два гола постигна Кристијано Роналдо. Португалецот има 857 голови во кариерата, а 125. за Португалија.

Португалија има седум од седум на табелата, а Словачка е втора со 13 бода.

РЕЗУЛТАТИ
ГРУПА Ф
ЕСТОНИЈА – АЗЕРБЕЈЏАН          0:2
АВСТРИЈА – БЕЛГИЈА         2:3

ГРУПА Б
ИРСКА – ГРЦИЈА        0:2
ХОЛАНДИЈА – ФРАНЦИЈА  1:2

ГРУПА Ј
ИСЛАНД – ЛУКСЕМБУРГ     1:1
ПОРТУГАЛИЈА – СЛОВАЧКА        3:2
ЛИХТЕНШТАЈН – БИХ         0:2

ПретходноТепачка во У21 тимот на Италија, еден играч со скршен нос, друг исфрлен од тимот
СледноПортугалија, Франција и Белгија изборија пласман на ЕП 2024