Куман и неговите неверојатни изјави, дали овој човек се слуша?

1039

Роналд Куман повторно доби шлаканица, повторно од Килијан Мбапе со што ја продолжи серијата на очајни тренерски и селекторски резултати.

Франција синоќа како гостин ја победи Холандија со резултат 2:1, со головите на Килијан Мбапе.

Интересно е тоа што Куман пред мечот даде чудни изјави, го „пецна“ дури и Мбапе поради поразот од ПСЖ во Њукасл од 4:1.

“Франција има подобар тим од нашиот? Видов како Њукасл го победи ПСЖ со резултат 4:1, а Мбапе одигра добро на тој натпревар. Многу пати во кариерата како тренер победував посилни со послаби тимови”, кажа Куман.

Мбапе возврати со два гола, а Куман и по поразот од Французите даде изјава во свој стил.

„Можеби вечерва имавме дури и подобри шанси од Франција“, изјави Куман.

Холандија по пет одиграни натпревари има биланс од три победи и два порази, со девет бода е трета на табелата, а во понеделник ќе го игра со Грција која има 12 бода. Во случај на пораз не е невозможно Холанѓаните да останат без ЕП дури и кога првите две селекции од групата одат на турнирот со 24 репрезентации.

ПретходноУкраина – Македонија: Само еден триумф, дуел на ЕВРО 2021, супер голот на Елмас и забите на Шевченко!(ВИДЕО)
СледноЗа време на мечот помеѓу Лихтенштајн и Босна и Херцеговина стигнала дојава за бомба