Можеби се ќе беше поинаку денеска во Прагамм, на мечот со Украина, ако Бојан Миовски, нашиот напаѓач барем еднаш успееше да го совлада украинскиот голман од шансите што ги имаше.
Но тој, како и Ашковски, Чурлинов, Елмас не успеа барем еднаш да се запише во листата на стрелците и токму затоа тие 2:0 за Украина:
„Јас како напаѓач не знам кој повеќе сака да постигне гол од мене. Дадовме се од себе, како што се виде првото полувреме одигравме одлично, изостана само голот. Реално, ако дадовме гол ќе беше поинаков натпревар, но, ете,. При таа втора шанса навистина немав сила да пласирам како што треба. Ќе кажам дека несреќно загубивме. Мислам дека во одредени моменти доминиравме, дадовме се од себе. Ние ја немавме таа среќа која ја имаше Украина, посебно при првиот гол, но што е тоа е“ рече на крајот Миовски.