Охрид се прошета низ Скопје!

263

ГРК Охрид ја оправда фаворитската улога против Скопје 2020, на гостински терен славеше со убедлив 25-41 за петти триумф во групата А и задржување на третата позиција на табелата.

Избраниците на Стевче Алушовски брзо го наметнаа своето темпо, со серија од 4-0 поведоа со 6-11, додека на одморот имаа позитива од 13-19. Во вториот дел гостите ја превземаа целосната доминација. Дојдоа на двоцифрени 19-29, па остатокот на мечот беше само чиста формалност.

Цицар со осум гола беше прв стрелец, Шипинкоски и Андоноски имаа по пет погодоци кај победникот. Во редовите на домашниот состав Фидановски и Митиќ имаа по шест гола.

ПретходноПознат распоредот: Идниот викенд почнуваат одбојкарските шампионати
СледноТонали ќе мора да оди на лекување за зависност од коцкање