Ротен до „размазените“ играчи: Се жалите на многу натпревари, тогаш ви следуваат помалку пари

426

Поранешниот француски фудбалер Жером Ротен ги прозва фудбалерите кои се жалат на замор поради голем број на натпревари. На удар се најде неговиот сонародник Орелиен Чуамени, фудбалерот на Реал кој се пожали на тој проблем.

Сакате помалку натпревари? Во ред, тогаш ви следуваат помалку пари. Обично ги бранам играчите, но сега не. Ќе го прозвам Чуамени. Ако се посветиш на својата работа, за која си платен, да бидеш добар на теренот, тогаш спреми се за тоа. На тие поединци не сакаат да играат на некои ‘мали’ натпревари“, изјави Ротен за „Радио Монте Карло“.

Според Ротен не се проблем натпреварите, туку начинот на кои играчите го поминуваат времето надвор од теренот.

Бројот на натпревари е горе-доле ист како пред 20-30 години, натпреварите и понатаму траат 90 минути. Тој замор за кој зборуваат, тоа доаѓа надвор од теренот и натпреварите. Заздравувањето во денешно време е многу важен сегмент за секој фудбалер. Денес тие играчи поминуваат многу време на социјалните мрежи, снимаат реклами и работат слични работи и така се заморуваат. Момци, посветете се на фудбалот, тоа е вашата професија“, заклучи Робен.

ПретходноФеникс до прва радост сезонава
СледноСрбите поразени во Будимпешта, „Аѕурите“ со полесен тренинг против Малта