Бањаја победи во Индонезија и повторно е лидер, Мартин падна и не ја заврши трката!

108

Утринава се возеше Мото ГП трката во Индонезија на патеката “Мандалика“. Беше супер интересно. И кога сите очекуваа нова победа на фантастичниот Хорхе Мартин, кој од вчера го запоседна врвот во генералниот пласман, тој падна и не ја заврши трката, па така Франческо Бањаја кој имаше одлично возење дојде до победата. Ттриумф кој значи и враќање на лидерската позиција во во генералниот пласман.

Сега светскиот шампион има 346 поени, а Мартин 328. Што ли не очекува до крајот на сезоната можеме само да претпоставуваме.

Инаку втор на денешната трка беше Винјалес а трет Квартараро.

ПретходноЕкс – вардарецот Барсегјан само што пристигна во Скопје веднаш го посети својот голем пријател!
СледноКавадарци на нозе: Тиквеш пред своите фанови ја почнува европската авантура!