Во пријателски натпревар, одигран денеска на стадионот “Борис Трајковски“ во Скопје, Вардар со 3:0 го победи второлигашот Тетекс. Стрелци на головите беа Омерагиќ во 16.минута, Глишиќ во 32. и Биљали во 48.минута.
Ова беше контролен тест за двете екипи со цел максимално да се искористи репрезентативната двонеделна пауза како во ПМФЛ така и во ВМФЛ. Тренерот на Вардар, Александар Васоски им даде шанса на повеќе свои играчи, а тие му возвратија со убедлив триумф.