Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски го освои второто злато во период од две недели со што направи голем чекор напред за место на Олимписките игри во Париз 2024. Денеска Георгиевски со три победи на Загреб ОПЕН Г1 го освои златниот медал. Прво го совлада Италијанецот Марко Насо, потоа во полуфиналето беше подобар од Патрик Переира Кардосо од Бразил и во финалето го совлада Холанѓанецот Брајан Зондероп.
За Георгиевски ова е втор златен медал ово месец затоа што пред неколку денови беше златен и на Г1 во Тирана. Во септември беше „сребрен“ на Г1 во Белград.