Лазаров: Играме против силни тимови, Европската лига ќе биде големо искуство за Македонците!

149

Алкалоид утре ќе испише нова страница во својата клупска историја. Како македонски вицепрвак доби директено место во групната фаза во Европската лига. Избраниците на Кирил Лазаров утре (20:45 часот, билетите веќе се во продажба по актактивни цени) во СЦ „Јане Сандански“ ја пречекуваат Војводина. Во европскиот предизвик, младите ракометари на Алкалоид ќе ги одмерат силите со Ла Риоха и Силкеборг, тимови кои се во групата Ф.

Лазаров на располагање ќе има млади сили, Алкалоид потпиша две странски засилувања, Ромеро и Бинго, покрај нив двајца, тој ќе потпре на искуството на Трајкоски и Маркоски, сите останати ракометари се под 25 години.

„Минатата година успеавме да направиме историски успех и да се пласираме во втората година од нашето постоење во Европската лига, ова за нас значи многу. Нашата екипа лани беше составена од македонски играчи, оваа година имаме двајца странци, кои треба да ни помогнат да бидеме компететивни во ова натпреварување кое рамо до рамо со Лигата на шампионите. За нас претставува голем предизвик и големо искуство за македонските репрезентативци. Ќе се обидеме да го дадеме максимумот“, изјави Кирил Лазаров на официјалната прес-конференција пред дуелот со Војводина. 

Најдобриот македонски ракометар, сега селекторот на нашата репрезентација и предводник на Алкалоид, најави максимална битка во група која навистина е тешка и составена од тимови со квалитетни имиња.

„Групата не е наивна. Војводина е тим кој победи во Европскиот Куп, за да се победи ова натпреварување треба да си компететивен, оваа сезона дополнително се засилија со квалитетни играчи. Во нашата група е Силкебург и Ла Раиоха, екипи со традиција и искуство, доаѓаат од земји кои секој јануари играат на големите натпреварувања.

Утре очекувам квалитетен натпревар, се надевам дека играчите ќе го додадат максимумот. Кај нив се чувствував позитивната трема, знам како им е, и јас бев играч. Ако ни се пружи шанса за изненадување ќе се обидеме да ја искористиме. Фаворитската улога им ја препишувам на Војводина“.

Лазаров е роден победник, па менталитетот кој се гради е победнички. Потенцира дека на тој начин се подготвуваат пред секој меч.

„Сакам да победувам, јас сум победник, така ќе се поставуваме. Утре е првиот меч, ќе имаме уште пет. Ние сме подготвени да играме максимално против шампионот на Србија. Нема да очајуваме, ќе анализираме, имам добро чувство, добри вибрации. Дали ќе биде доволно за победа, ќе видиме.

Македонската јавност ќе имаат шанса да уживаат со овие натпревари, а ние да ги оправдаме очекувањата, а тоа е да го дадеме максимумот“, заврши Лазаров. 

ПретходноАвстрија уште денеска може на ЕП 2024, најблиску до пласман се и Унгарија, Албанија и Англија
СледноЃоргиев: Ветуваме голема битка, мовирани сме, потребна ни е поддршка!