Ѓоргиев: Ветуваме голема битка, мовирани сме, потребна ни е поддршка!

138

Иако се најдоа во друштво на силни и познати европски тимови, Алкалоид одлучи и во Европската лига да „вовјува“ со млади сили. Кирил Лазаров има двајца странци во ростерот, двајца поискусни македонски и играчи, и останатите во составот се млади ркаометари. Целта е да се собере потребното искуство, а истото да се пренсе онаму каде што е најпотребно – националниот дрес.

Лазаров на прес-конференција откри дека ја чувствува позитивната трема кај своите играчи, но истовремено најави дека сите се подготвени да се борат на теренот.

Истото можевме да го слушнеме и од капитенот на Алкалоид, Игор Ѓоргиев.

„Како млада екипа која по ланскиот успех, освоеното второ место во Супер-лигата, ни следи нов предизвик, Европската лига. Војводина е актуелен првак на Србија, создадена од квалитетни играчи. Како капитен можам да кажам дека сме подготвени, играчите се мотивирани за докажување, ова ќе биде големо искуство.

Овој прес сакам да ја поканам целата јавност да дојдат да ни дадат поддршка која ќе ни значи многу и ветуваме голема битка“, рече Ѓоргиев.

Билетите за Алкаоид – Војводина се пуштени во продажба, дополнителни информации можете да најдете на следниот линк.

ПретходноЛазаров: Играме против силни тимови, Европската лига ќе биде големо искуство за Македонците!
СледноМодриќ со историско достигнување – 1000 натпревари во кариерата!