Елиф Елмас: Кога играш за Македонија секој меч е важен, ова ќе биде добра контрола!

351

По поразот од Украина во Прага, во рамките на квалификациите за ЕВРО 2024, избраниците на селекторот Благоја Милевски утре во Струмица во пријателски меч ќе ги одмерат силите против селекцијата на Ерменија.

Се разбира дека е убаво да се победи, иако станува збор за пријателски меч.

Така размислува и Елиф Елмас, нашиот најдобар фудбалер:

Играме натпревар против доста добар противник. Секогаш кога играш за репрезентацијата на Македонија очекувањата се да дојдеш до победа“ посочи Дијамантот.

Елмас потенцираше дека секој меч е важен когра играш за својата репрезентација.

Целта е јасна. Да излеземе сплотени, како на минатиот меч, да одиграме добар натпревар и се надевам дека ќе победиме на утрешниот меч против Ерменија. Видете, секој меч кога се игра за репрезентацијата е важен, така и утрешниот исто е важен. Максимално ќе влеземе, ова ќе биде добра контрола пред дуелите со Италија и Англија во ноември“.

ПретходноБлагоја Милевски: Македонија секогаш оди на победа, така ќе биде и утре против Ерменија!
СледноЕди Шерифовски освои сребрен медал на Балканското првенство во Труција