Костески пред Загреб: Формата е во нагорна линија, дај боже да се израдуваме на првите бодови!

78

Е.Пелистер се подготвува за нова пресметка во Лигата на шампионите. По четирите порази на стартот на ова натпреварување, нова шанса за победа, македонскиот првак ќе бара кај ППД Загреб на гости, мечот е закажан за во четврток (18:45 часот).

Последните два дуели против Кил на домашен терен и ПСЖ на гости им влева надеж на ракометарите на Пелистер дека одат во добар правец и дека формата е во нагорна линија. Противникот е анализиран, а за триумф ќе треба 100% фокус.

„Видливо е дека формата оди во нагорна линија, одиграме два одлични натпревари по ред. Ни следи Загреб, противник со кој мора да играме максимално, затоа што беа перфектни на последните два домашни натпревари. Ги анализираме, нема да биде лесно, мора да бидеме на 100% и дај Боже да се израдуваме на првите бодови“, ја пренесува атмосферата и очекувањата, Ненад Костески, кој на последниот меч против ПСЖ не доби минутажа. 

Костески има настапувано за хрватскиот тим, токму од редовите на „плинарите“ се пресели во Битола. Од деновите минати во Загреб има убави спомени.

„Бев дел од Загреб, имам убави спомени и тоа ми беше голем чекор напред во кариерата. Доста млад потпишав за голем клуб кој секоја година игра во Лигата на шампионите. Тие се организиран клуб, од кој може да се научи и да се напредува. Од таму носам само убави спомени.
Сите ракометари на Загреб се екстра, но Дибиров, Чупиќ и Моралес даваат голем придонес. Тие се голема опасност по нашиот гол. Се спремаме и ги анализиране нивните последни натпревари и се надевам дека со победа ќе се вратиме од Загреб. Ја имаме нашата прекрасна публика која секогаш е со нас и е наш осми играч. Нè радува што еден дел од нив ќе дојдат и ќе нè бодрат во Загреб. Ќе се обидеме да ги наградиме со победа и гледачите пред малите екрани и присутните во салата“, изјави македонскиот репрезентативец. 
ПретходноПознат е составот на Алкалоид, Лазаров одбра за Војводина
СледноФото – вест: Чурлинов виде нешто на мобилниот па се изнасмеа!