Македонија денеска од 15 часот се среќава со Ерменија во Струмица, во пријателски меч. Пред неколку минути пристигна автобусот со нашите репрезентативци на стадионот “Благој Истатов“. Интересно беше да се види Дарко Чурлинов, кој излегувајќи од автобусот виде нешто на својот мобилен, па силно се изнасмеа. Дали беше некоја порака од некоја драга личност или нешто од интернет, знае само тој.
Да се надеваме дека вака ќе се смее и по мечот со Ерменија.