Министерот за внатрешни работи на Франција, Жералд Дерманан, јавно го обвини Карим Бензема дека соработува со терористи, и дека постои можност против фудбалерот на Ал Итихад и некогашен репрезентативец на Франција да се покрене истрага.
Откако Бензема јавно застана на страната на Палестинците во актуелнарта војна со Израел, Дерманан на ТВ изјави:
“Затворивме повеќе од 1.100 муслимански центри во земјата, но сега јавно му се обраќам на господинот Карим Бензема, кој одржува контакти со злогласни лица, и како, што сите знаеме, со `Муслиманските браќа`“.
Засега Бензема немаше коментар на изјавите на министерот.
🚨 ÚLTIMA HORA | El ministro del Interior de Francia asegura que Benzema tiene relación con un grupo terrorista
😳 "El señor Karim Benzema tiene vínculos notorios, como todos sabemos, con los Hermanos Musulmanes"
📻 #PartidazoCOPE pic.twitter.com/N0t6617myT
— El Partidazo de COPE (@partidazocope) October 17, 2023