Во недела во меч од 11.коло во ПМФЛ, Брегалница ја чека тешко гостување, и тоа на Чаир кај Шкупи. Тим кој што во последно време со стратегот Младен Жижовиќ игра добро и освојува бодови.
Сепак од таборот на штипските „сини“ велат дека на Чаир нема да одат со бело знаме.
Дефанзивецот на Брегалница, Филип Стојчевски пред овој натпревар изјави:
“Се разбира дека ова ќе биде исклучително тежок натпревар. Но, колку ќе биде тежок за нас исто толку ќе биде и за домашниот состав. Ние фативме добар ритам, поврзавме два меча со добри игри и позитивни резултати. Сепак не се задоволуваме со тие два меча, ние сме `гладни` за добри игри и за докажување. Атмосферата во соблекувалната е одлична, здравствениот билтен е поволен, значи целиот ростер ќе се бори за место во првиот тим“ рече покрај другото Стојчевски.