Ден по новата сериозна повреда која ја заработи на натпревар на бразилската фудбалска репрезентација во квалификациите за Светското првенство, се огласи и ѕвездата на бразилскиот фудбал, Нејмар. Тој заработи тешка повреда на вкрстените лигаменти во коленото, па се сега го чека долга рехабилитација.
31-годишиот Нејмар објави порака на социјалните мрежи во која се вели:
„Ова е многу тажен момент, најлош. Знам дека сум силен, но овој пат уште повеќе ќе ми требаат семејството и пријателите. Не е лесно да се помине период на повреда и операција. Речиси можете да замислите како е да морате повторно да поминете низ сето тоа по четири месеци рехабилитација. Имам верба, премногу. Но, јас ја ставам силата во Божјите раце. Ви благодарам за пораките и љубовта“.
Нејмар оваа сезона одигра пет натпревари за Ал Хилал, постигна еден гол и имаше три асистенции.