Конечно е откриено колкава му е платата на Горан Иванишевиќ како тренер на Новак Ѓоковиќ. Тоа го пишуваат медиумите во Хрватска. Секако дека некогашниопт победник на Вимблдон и еден од најдобрите тенисери на овие простори, е топ – тема во својата Хрватска, посебно во изминатиот период како тренер на Новак.
Па така Иванишевиќ во просек земал, како плата, 40.000 евра месечно, но има тука разни бонуси. А најголеми се оние за секој освоен гренслем турнир. Имено 10% од парите што Новак ќе ги заработи како победник на Вимблдон, Ролан Гарос, УС Опен или Австралија Опен, одат на сметката на Иванишевиќ.