Тони Паркер му даде отказ на својот брат кој беше тренер на АСВЕЛ

279

Француски АСВЕЛ Вилербан објави дека се раздели со тренерот Ти Џеј Паркер по слабите резултати од почетокот на сезоната.

Во француското првенство клубот е на средината на табелата со 4 победи во 7 натпревари, а во Евролигата сезоната за Французите започна со три порази во низа.

Ти Џеј Паркер е помлад брат на претседателот на клубот Тони Паркер. Тој имаше договор со Вилербан до 2026 година. Обврските на тренерот засега ќе ги преземат неговите помошници.

ПретходноТрет последователен пораз за Ц. Звезда, Барса го прегази Баерн
СледноНавивачите на Осасуна со поддршка за Палестина, израелски фудбалер одби да дојде на мечот