Трет последователен пораз за Ц. Звезда, Барса го прегази Баерн

130

Кошаркарите на Виртус Болоња и го нанесоа третиот пораз на белградска Црвена Звезда во новата сезона на кошаркарската Евролига. Вечерва на домашен терен, италијанскиот состав славеше со 85:79 во меч кој донесе интересна завршница, иако во најголемиот дел од средбата домашните беа во убедливо водство.

Ц. Звезда одигра многу лошо во првото полувреме, а многу подобро во остатокот од мечот, но не успеа да оствари пресврт и славје пред противничките навивачи. Најефикасен на натпреварот беше крилниот центар на Виртус, Торника Шенгелија со 19 поени, додека кај Звезда Напиер мечот го заврши со 23 поени.

Кошаркарите на Барселона убедливо го победија Баерн со резултат 98:59. Од самиот почеток беше јасно каде оди овој натпревар, а Барселона тргна офанзивно и доминантно и така и го заврши натпреварот. Паркер беше најефикасен со 15 поени, додека кај Баерн Ибака постигна 13 поени.

Анадолу Ефес, пак, дома ја ообеди Валенсија со резултат 77:73.  Најдобар беше Ларкин со 15 поени, а Бобоа постигна 14. Инглис постигна 13 поени за Валенсија.

Во првиот денешен меч Монако ја совлада Алба со 86:75.

ПретходноСлавеникот Бранд стрелаше за победа на Борусија (Д) (ВИДЕО)
СледноТони Паркер му даде отказ на својот брат кој беше тренер на АСВЕЛ