Одбојкарите се собраа во Маврово за почеток на подготовките за ЕП

240

Македонската одбојкарска репрезентација денеска се собра во Маврово каде ќе ги почне подготовките за настап на Европското првенство 2021 година.

Од играчкиот кадар, од ОФМ информираат дека капитенот Никола Ѓорѓиев и Ѓорѓи Ѓорѓиев на националниот тим ќе се приклучат утре, а Филип Деспотовски два дена подоцна.

Македонија со нов селектор ќе ги почне подготовките. Беше сменет Никола Матијашевиќ, а на негово место седна неговиот помошник Душко Николиќ.

По завршувањето на подготвителниот дел во Маврово, македонскиот национален состав ќе ја почне фазата со одигрување пријателски натпревари, меѓу нив е традиционалниот турнир „Чајка“, како и во „Стожице“.

ЕП се игра во септември во Тампере, Финска.

 

ПретходноКаков почеток: „Експлозија“ на Вембли, Шо во 2. минута го „матираше“ Донарума (ВИДЕО)
СледноПОЛУВРЕМЕ: Англија со предност, Италија тешко го наоѓа патот до голот (ВИДЕО)