Во извонредно интересен и неизвесен меч до самиот крај, одбојкарите на Весна Пробиштип со 3:2 славеа во скопје на дуелот со Работнички 71&22 во премиерното коло на новата одбојкарска сеозна.
Шампионот Струмица лесно дојде до првите три бода, славејќи на гости против Универзитет во Тетово со максимални 3:0, а убедлив почеток имаа и одбојкарите на Штип УДГ, кои пред своја публика стигнаа до убедлив триумф над екипата на ГОК Борец.
На првите три бода им се израдуваа и одбојкарите на Лирија, Јанта Волеј и Шкендија. Лирија немаше проблеми со Македонија Џио, а лесно минаа и одбојкарите на Јанта Волеј против повратникот Вардар. Шкендија само во еден сет имаше посилен отпор од екипата на Сушево.
ПРВА ЛИГА – МАЖИ
1 КОЛО
Штип УДГ – ГОК Борец 3:0 (25:17, 25:19, 25:18)
Вардар – Јанта Волеј 0:3 (12:25, 9:25, 20:25)
Универзитет во Тетово – Струмица 0:3 (15:25, 11:25, 12:25)
Лирија – Македонија Џио 3:0 (25:9, 25:6, 25:11)
Работнички 71&22 – Веснa Пробиштип 2:3 (20:25, 19:25, 25:10, 25:17, 11:15)
Сушево – Шкендија 0:3 (15:25, 23:25, 18:25)