ПМФЛ: Вардар го шокира Работнички, слатка одмазда на Струга ТЛ, реми под Шара и во Гостивар, победи на Шкупи и Силекс! (ВИДЕО)

973

Вардар слави, Вардар во Соседското дерби бр.74 го победи Работнички со 1:0 и тоа со голот на Дарко Мицевски во 77.минута и тоа од пенал. Заслужена победам едноставно вардарци повеќе ја посакуваа. Интересно, при радоста по голот, Дарко Мицевски се повреди. Вардар покажа храброст и одважност, за разлика од Работнички.

Струга ТЛ и тоа како слатко им се одмазда на “лавовите“, и тоа со головите на Згуро, Мазрекај и Ибраими, на кого ова му е 191 гол во кариерата во ПМФЛ.

Шкендија одигра само 1:1 со Брера, и тоа гостите поведоа со прекрасниот гол на Антонио, за да потоа Шаља израмни.

Силекс со голот на Ристовски во финишот го победи Тиквеш со 1:0.

Шкупи со голот на Илиески ја победи Брегалница во меч кој се одигра во Куманово. Гостите преку Велкоски на успеаја да реализираат пенал.

Гостивар и Вока одиграа 1:1. Марушиќ донесе водство на гостите, за да Потук во 90.минута израмни за конечни 1:1.

РЕЗУЛТАТИ – 11.КОЛО

ГОСТИВАР – ВОСКА 1:1

(Потук 90./Марушиќ 65.)

МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА ТЛ 0:3

(/Згуро 7., Мазрекај 42., Ибраими 81.)

РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР 0:1

(/Мицевски (п) 77.)

ШКЕНДИЈА – БРЕРА СТРУМИЦА 1:1

(Шаља 79./Антонио 75.)

ШКУПИ – БРЕГАЛНИЦА 1:0

(Илиески 5./)

СИЛЕКС – ТИКВЕШ 1:0

(Ристовски 80.)


ГОЛОВИ… ГОЛОВИ… ГОЛОВИ… (ВИДЕО)

РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР 0:1


ШКУПИ – БРЕГАЛНИЦА 1:0


ГОСТИВАР – ВОСКА 1:1


МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА ТЛ 0:3


ШКЕНДИЈА – БРЕРА СТРУМИЦА 1:1


СИЛЕКС – ТИКВЕШ 1:0

 

ПретходноИ покрај влошените односи: Перез ќе оди во Барселона на „Ел Класико“
СледноТокму така: Престолнината е „црвено – црна“, Вардар е “фраерот“ во Скопје…! (ФОТОГАЛЕРИЈА)