Галатасарај вечерва во Истанбул го пречекува Баерн Минхен во 3.коло од групната фаза на Лигата на шампионите.
Хулиганите на Галатасарај и Баерн синоќа предизвикаа целосен хаос на улиците на Истанбул. Летаа тупаници, столици и тврди предмети на сите страни.
Сето ова го започнаа навивачите на домашниот тим. Тие го чекаа ривалот и потоа дојде до жестока тепачка во која беа употребени многу тврди предмети.
На социјалните мрежи веднаш се појавија видеа од тепачката. Беше навистина жестоко, а засега нема извештаи за повредени лица.
Баерн има перфектен учинок од две победи од два меча и има шест бода, додека Галатасарај забележа реми и победа и има четири освоени бода.