ЛШ: Елмас и Наполи на гости во Берлин!

160

Вечерва се играат осумтте средби од 3.коло во Лигата на Шампионите во групите А, Б, Ц и Д. Се разбира дека за нас најнтересно ќе биде на “Олимпискиот стадион“ во Берлин, каде Униот Берлин ќе го пречека шампионот на Италија, тимот на Наполи. Нашиот Елиф Елмас не беше во составот на Наполи на последниот меч во Серија А поради ситна повреда, но затоа е на списокот со играчи на Наполи за вечерашниот меч. Дали ќе добие минутажа, останува да се види.

Тоа е меч од групата – Ц, а од таа група се игра и мечот Брага – Реал Мадрид.

Интересно ќе биде во Истанбул, каде Галатасарај го пречекува Баерн Минхен, а на “Олд Трафорд“ се среќаваат Манчестер Јунајтед и Копенхаген. Ова се мечеви од групата – А.

Во групата – Б играат Ленс – ПСВ Ајндховен и Севиља – Арсенал, и во групата Д играат Интер – Салцбург и Бенфика – Реал Сосиедад.

НАТПРЕВАРИ – ДЕНЕСКА

ГРУПА – А

Галатасарај – Баерн Минхен (18:45 Ч)

Манчестер Јунајтед – Копенхаген (21:00 Ч)

ГРУПА – Б

Ленс – ПСВ Ајндховен (21:00 Ч)
Севиља – Арсенал (21:00 Ч)

ГРУПА – Ц

Унион Берлин – Наполи (21:00 Ч)

Брага – Реал Мадрид (21:00 Ч)

ГРУПА – Д

Интер – Салцбург (18:45 Ч)

Бенфика – Реал Сосиедад (21:00 Ч)

ПретходноГрчкиот ѕвер ќе остане во Милвоки за 186 милиони долари!
СледноДимитриевски во тимот на колото во Ла Лига! (ФОТО)