Иако до следното лето има уште многу од аспект на ЕВРО 2024 кое се игра во Германија, на овие простори уште отсега се загрева атмосферата. Посебно во селекцијата на Албанија, на која и недостига само бод, од двата ноемвриски мечеви за да го завери својот пласман на ЕП.
Познато е дека во таа селекција главни играчи се Таулант Сефери (Куманово) и Јасир Асани (Скопје), децата на Работнички и Вардар.
Пред неколку дена во една спортска емисија на една ТВ во Албанијам гостин беше токму Сефери.
На прашање на новинарите која селекција ја сака во групата на ЕВРО, тој одговори:
“Ја сакам Србија во нашата група на ЕП, за да ја победиме како што треба. Верувам дека можеме да дојдеме до чиста победа против таа селекција од 3:0, 4:0 или 5:0“ оптимистички изјави Сефери, напаѓачот на репрезентацијата на Албанија.