Маџунков со две победи ја почна сезоната во новиот клуб

140

Успешен старт на новата сезона и за нашиот репрезентативен среден блокер Филип Маџунков. Новиот тим на Маџунков, белгиски Лувен стартуваше со две победи во новата сезона со одличен ефект во играта и на нашиот репрезентативец.

Во првиот меч со екипата на Ахел, кој Лувен го доби со 3:0, Маџунков реализираше 4 поени, додека во вториот дуел со Гент на гостински терен во максималната победа учествуваше со 5 поени.

Лувен вистинскиот тест на квалитетот ќе го има на дуелите со Нолико Мазеик веќе следното коло е закажано на почетокот на ноември.

ПретходноПочнува НБА: Денвер ја брани титулата, главни конкуренти Милвоки и Бостон
Следно„Тројка“ на Талески во првата победа на Бенфика во Европската лига