Џонов: Нема да застанеме на овој бод

146

Ракометарите на Алкалоид се задоволни со бодот од Шпанија, но жалат за пропуштената шанса да слават против Ла Риоха.

Неискуството, нереализираните напади на македонскиот вицепрвак ги искористи противникот и се врати во мечот, па дури и поведе со три гола разлика.

Сепак играта против фаворитот им дава надеж и самодоверба за следните мечеви во Европската лига.

“Нерешениот резултат е добар, но имавме добра шанса да ги освоиме двата бода. Ни падна концентрацијата. Имавме во еден период неколку нереализирани напади во серија. И тие грешеа и промашуваа, но ако ги искористевме нашите шанси, ќе можевме до победа. Задоволни сме со нерешениот резултат, но нема да застанеме на ова. На секој следен натпревар ќе одиме со амбиција да победиме”, изјави Џонов кој со шест гола беше втор стрелец кај Алкалоид.

ПретходноВардар и по 17 години нема да го види финалето во Купот на Македонија! (ФОТО)
СледноНеверојатно: Евертон ќе добие казна од -12 бода!