Тонали ја дозна конечната казна за обложувачкиот скандал

349

Сандро Тонали ја дозна дефинитивната санкција со која што ќе се соочи по повод скандалот со обложувањето во кој призна дека е вмешан. Надлежните органи одлучија Тонали да добие 18 месечна казна, од која што десет месеци ќе бидат активни во однос на суспензијата за играње фудбал, а останатите осум месеци ќе бидат пополнети со алтернативна казна. Поточно, во тие осум месеци, Тонали ќе мора да посетува стручни лица за зависност односно одвикнување од коцка, како и задолжителна посета на состаноци и семинари организирани од федерацијата за превенција од истиот порок.

Што се однесува пак до забраната за играње, истата важи за сите натпреварувања нормално, па практично кажано, Тонали ќе може да се врати на терен во август следната година.

Претседателот на италијанската федерација Габриеле Гравина официјално го потврди она што веќе го објавија медиумите од Апенините.

„Обвинителот на Италијанската фудбалска федерација и Тонали постигнаа договор, кој веќе го одобрив. Тој се состои од 10-месечна забрана плус осум месеци активности за рехабилитација и најмалку 16 јавни настапи. Правилата предвидуваат забрана од неколку години , но може да има договор за признавање на вина и олеснителни околности. Момците соработуваа над очекувањата, па ќе продолжиме да ги следиме правилата што ги усвоивме“, изјави Гравина за Sky Sports Italia.

ПретходноЛуис Енрике: Не го преболев поразот од Њукасл
СледноНема промени на ФИФА листата, Македонија е 66. репрезентација во светот