Нема промени на ФИФА листата, Македонија е 66. репрезентација во светот

98

Фудбалската репрезентација на Македонија е 66 селекција во светот. Ова денеска го потврдува по втор пат во серија, најновата ФИФА ранкинг листа, која што вели дека нема промени во однос на статусот на нашиот национален состав по последните настапи.

Македонија загуби со Украина на гостински терен, во Прага, со 2:0, а сега ја очекуваат два сериозно тешки мечеви против Италија на гости и Англија дома за финиш на актуелната квалификациска кампања за слесното ЕП. Во меѓувреме одигравме и пријателски дуел со Ерменија кој го добивме со 3:1.

Што се однесува пак до останатите противници од нашата група, Англија е четврта сила на светот, Италија е девеетта. Украина се наоѓа на 22. позиција додека пак Малта секако е со најслаб рејтинг и е 171.

На врвот секако е мундијалскиот победник Аргентина пред Франција и Бразил.

 

ПретходноТонали ја дозна конечната казна за обложувачкиот скандал
СледноВандалски чин во просториите на ФК Шкупи