Фудбалер одби да се ракува со тренерот, клубот го казни

183

Унион Берлин го отстрани Давид Датро Фофана од тимот една седмица откако фудбалерот одби да се ракува со тренерот Урс Фишер за време на мечот од ЛШ против Наполи во вторникот. 20-годишниот Фофана, кој игра за Унион како позајмен од Челзи, ќе тренира индивидуално до идната среда и поради тоа ќе ги пропушти мечевите од Бундес лигата против Вердер во сабота и против Штутгарт во второто коло од Купот во вторник.

„Се надевам дека ќе извлече поука“, кажа Фишер.

Фофана беше заменет во 70 минута, а напуштајќи го теренот помина покрај Фишер без да го погледне во очите ни да му подаде рака.

ПретходноСтивен Џерард даде гол за Бугарија! (видео)
СледноПознат е судијата за „Ел Класико“, трет пат ќе ја дели правдата