Непријатна седмица за Монпеље. На 8 октомври беше прекинат дуелот меѓу Монпеље и Клермон откако во финишот на мечот голманот на гостите Мори Диау беше изнесен на носилки кога до него пукна петарда фрлена од трибините. Во тој момент Монпеље имаше предност од 4:2.
Дисциплинската комисија на Лига 1 му одзема поен, плус уште еден условно доколку се случи уште еден инцидент. А мечот со Клермон ќе се преигра пред празни трибини на стадионот на Монпеље. Освен тоа клубот е принуден да одигра уште два меча со ограничена присутност на навивачите.
А Монпеље падна на 15-тото место на табелата само три бода над опасната зона.
Како капак на проблемите е тепачка меѓу тренер и играч. Според „Екип“ во конфликт влегле тренерот Мишел де Закаријан и дефанзивецот Мамаду Сако. Веројатно фудбалерот ќе биде исфрлен од тимот.