Фудбалерот на Астон Вила и поранешен играч на Рома и Галатасарај, Николо Заниоло денеска појави на суд во Италија и повтори дека не се обложувал на фудбалски натпревари.
Скандалот околу нелегалното обложување ја тресе Италија, веќе се суспендирани Сандро Тонали и Николо Фаџоли кои признаа, но кај Заниоло се е поинаку.
„Се обложив, играв покер и блек џек, но никогаш не играв фудбал“, наводно рекол италијанскиот репрезентативец.
Неговите адвокати се оптимисти:
„Се надеваме дека сето ова брзо ќе помине и дека вистината ќе излезе на виделина“, рекоа тие .