ВМФЛ: Дербито се игра на “Биљанини Извори“, забревтаниот Охрид го дочекува Пелистер!

263

 

Денеска од 13 часот на програмата се сите осум меча од 10.коло во ВМФЛ. Секако дека дербито се игра на “Биљанини Извори“ во Охрид каде истоимениот тим го дочекува Пелистер, ова ќе биде дуел на третиот на табелата против четвртиот.

Охрид под водство на стратегот Гоце Толески е перфектен, има пет од пет, сега во игра е и за пласман во ПМФЛ, но денеска ќе треба да се победи Пелистер, тим кој игра лошо оваа есен, а и резултатите не според очекувањата на битолчани. Во случај на триумф тогаш Охрид и дефинитивно се наметнува како еден од најсериозните кандидати за највисок пласман.

На останатите мечеви лидерот Беса на свој терен не би требало да има проблеми со Арсими, интересно ќе биде на дуелот Тетекс – Скопје. Башкими повторно ќе биде домаќин во Г. Речица, овојпат ќе игра со Вардар (Н), Победа игра дома со Караорман. Во Кочани домашниот тим на Осогово ќе се обиде да дојде до изненадување против Кожув, возбудливо ќе биде на дуелот Беласица – Детонит, исто како и на средбата Новаци – Саса.

ДВОЈКИ ЗА 10.КОЛО ВО ПМФЛ – ДЕНЕСКА 13 Ч

Охрид –Пелистер

Беса – Арсими

Тетекс – Скопје

Башкими – Вардар (Н)

Победа – Караорман

Осогово – Кожув

Беласица – Детонит

Новаци – Саса

ТАБЕЛА

Беса 22, Детонит 19, Охрид 19, Пелистер 18, Кожув 16, Башкими 16, Беласица 15, Тетекс 14, Победа 12, Арсими 10, Новаци 10, Скопје 9, Вардар (Н) 7, Осогово 7, Саса 6, Караорман 4

ПретходноАртета може да го спаси Модриќ
СледноЃоковиќ задоцни во Париз, па јавно се извини