Ќе има ли дерби во Автокоманда: Нова пресметка меѓу Алкалоид и ГРК Охрид

149

Денеска продолжуваат натпреварите од деветото коло во Супер-лигата. Во цебтарот на вниманието од саботната програма е дербито во групата А помеѓу Алкалоид и ГРК Охрид.

Македонскиот вицепрвак е домаќин на втората пресметка (19 часот, во салата Автокоманда) во која влегува како лидер без ниту еден пораз во претходните осум натпревари. Избраниците на Кирил Лазаров во Охрид лесно дојдоа до бодовите (22-28), им порачаа на своите конкуренти дека ќе мора подобро да се подготват доколку сакаат да бидат рамо до рамо со нив.

Први на теренот денеска ќе истрчаат, дебитантот Мулти Есенс и Пелистер, мечот е закажан во 15:30 часот.

Деветото коло ќе заврши во среда со дуелот меѓу Вардар 1961 и Бутел Скопје, тоа е период кога е ЕХФ неделата.

СУПЕР ЛИГА МАЖИ – КОЛО 9
28.10.2023 – САБОТА
15:30 часот РК МУЛТИ ЕСЕНС – РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
19:00 часот РК АЛКАЛОИД – ГРК ОХРИД – пренос во живо на МРТ
29.10.2023 – НЕДЕЛА
17:00 часот РК СКОПЈЕ 2020 – РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2
18:00 часот РК ГОЛДЕН АРТ КЛ7 – РК ВАРДАР НЕГОТИНО
31.10.2023 – ВТОРНИК
19:30 часот МРК КУМАНОВО – РК СТРУГА
08.11.2023 – СРЕДА
18:00 часот РК ВАРДАР 1961 – РК БУТЕЛ СКОПЈЕ
Претходно“Ел Класико“ бр.255: Барса VS Реал, гордоста на Каталонија против “кралевите“ од Мадрид!
СледноХорхе Мартин триумфираше на петтиот едноподруго спринт и му се доближи на лидерот Банаја