Поранешен играч на Јунајтед откри мрачна тајна: Да продолжев, ќе умрев

178

Човекот кој играше за Манчестер Јунајтед ја откри својата мрачна тајна која со години ја чуваше од јавноста.

Станува збор за Дарон Гибсон, човек кој бил зависен од апчиња за спиење по завршувањето на неговата кариера.

“Тогаш не ни работев. Сега кога гледам фотографии од тоа време, сфаќам колку лошо изгледав. Секој ден земав од 12 до 14 апчиња за спиење. Да продолжев, ќе умрев”, кажа Гибсон.

Тој истакна дека никому не кажал за својот проблем, неговата сопруга знаела дека користи апчиња за спиење, но не во колкава количина.

„Никому не кажав за апчињата, жена ми знаеше дека ги пијам, но немаше поим за количината. Многу добро ги сокрив. Ги земав апчињата и реков дека ќе земам чаша вода, а потоа колабирав. Мислеа дека е епилепсија. После тоа, докторот ми кажа дека срцето и мозокот ми се во ред“, вели Гибсон.

На крајот, сè заврши добро за него, а кој знае, можеби неговата приказна ќе помогне некој да престане да користи апчиња за спиење. 120 активни или поранешни фудбалери во Англија ја имале истата зависност.

Гибсон го носеше дресот на Манчестер Јунајтед од 2005 до 2012 година, а настапуваше и за Вулверхемптон, Евертон и Сандерленд.

ПретходноФеноменален гол на мечот Тетекс-Скопје – креаторот е Рихан Зекири! (видео)
СледноПМФЛ: Убав фудбал во Кратово, но само по бод за Силекс и Брегалница