Викендов ќе се одиграат натпреварите од второто коло во новата сезона од двете одбојкарски прволигашки конкуренции. Еден од натпреварите во машката Прва лига е одложен поради настапот на Струмица во квалификациите за Лигата на шампионите, додека кај дамите синоќа веќе се одигра првата средба од второто коло во која екипата на Наковски Волеј оствари победа над новајлијата во конкуренцијата, екипата на Младост УДГ со 3:1 (25:12, 24:26, 25:23, 25:19).
Најинтересниот дуел во машка конкуренција денеска го очекуваме во Скопје во салата „Невена Георгиева-Дуња“, каде Работнички 71&22 го пречекува тимот на Штип УДГ.
Кај дамите, големото дерби од ова коло ќе се игра во понеделник во истата сала, кога екипата на Јанта Волеј го пречекува шампионот Работнички.
ПРВА ЛИГА – МАЖИ
2 КОЛО (ДЕНЕСКА)
16:00 Шкендија – Вардар
17:00 Јанта Волеј – Универзитет во Тетово
17:30 Борец – Лирија
19:00 Македонија Џио – Сушево
20:00 Работнички 71&22 – Штип УДГ
ПРВА ЛИГА – ЖЕНИ
2. КОЛО (ДЕНЕСКА)
14:00 Фит Фан Волеј – Вардар 2019
12:00 Вардар ЕМ – Струмица
пон. 20:00 Јанта Волеј – Работнички
вчера: Наковски Волеј – Младост УДГ 3:1 (25:12, 24:26, 25:23, 25:19)