Англискиот тренер Рој Хоџсон, на 76 години го предводи Кристал Палас во Премиер лигата. Во петокот натпреварот со Тотенхем му беше 500-ти во кариерата во Англија. Тој во Англија беше тренер на Бристол сити (22 меча), Блекбурн (63), Фулам (128), Ливерпул (31), ВБА (54), Кристал Палас (184) и Вотфорд (18). Во овие бројки се вклучени сите натпреварувања.
Интересно, 100-тиот, 200-тиот меч и 500-тиот меч ги изгубил, а победнички ги завршил 300-тиот и 400-тиот натпревар.