Репрезентацијата на Македонија У17 вчера загуби со 4:0 од Словачка на стартот на квалификацискиот турнир кој се игра на Малта, а денеска го претрпе и вториот пораз, исто така убедлив од Шпанија со 5:0.
Избраниците на селекторот Дашмир Деари немаа шанси против „Фуријата“ која уште по првите 45 минути даде до знаење кој ќе биде победникот. Со два гола на Винатеа, по еден Дуран и Жил Фернандез, шпанскиот тим поведе со 4:0 по само 32 минути игра.
Во 58 минута точка стави Виктор Фернандез. Во последното коло Македонија ќе игра против домаќинот Малта.